22 Октомври, 2017
0.4356
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

ФРЧАТ СМЕНИ: Разрешена директорката на Агенцијата за поддршка на земјоделството!

Објавено во: Агробизнис 01 Март, 2017

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Билјана Вуковиќ е сменета од функцијата, дознава Фактор. Засега не е познато дали Вуковиќ сама си поднесла оставка од директорската позиција или пак е разрешена. Во моментов сеуште нема поставено нов директор на Агенцијата. Информацијата ја потврди и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

„ Да точно е дека е сменета, но не ја знам причината бидејќи на таа владина седница не присуствував, само бев известен дека е сменета.Во моментов сеуште нема поставено нов директор, ќе се знае на следната владина седница“,вели Цветков.

Извори за Фактор брифираат дека сеуште се бара нејзина замена, но и дека не е исклучена можноста повторно да биде вратена на функцијата.Вуковиќ е на оваа позиција три години и доаѓа на редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Токму институцијата со која раководеше Вуковиќ дел од земјоделците и агробизнисмените ја оквалификуваа како најнетранспаретна институција кога е во прашање поделбата на субвенциите. Од СДСМ лани обвинија дека преку Агенцијата се одлеваат милионски суми субвенции кај блиски луѓе до власта, а се прават намерни адмниситративни грешки за да им се скратат субвенциите на вистинските земјоделци. Од партијата ја обвинија Вуковиќ дека е извршител на Никола Груевски и дека си го вработила братот во Агенцијата.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?