Добивај вести на Viber
Според најавите на претседателот на управата на хрватската компанија „Ledo“ Томислав Китониќ оваа компанија преку докапитализација ќе собере средства за купување на блеградскиот „Frikom“ и „Ledo“ од Подгорица, Агрокор.
-Со преземањето на овие компании „Ledo“ сака да ја обедини целокупната структура на Агрокор во сегментот на сладоледи и смрзната храна, истакна Китониќ. Дали на „Frkom“ ќе му се промени и името во „Ledo“ зависи од стратегијата на Агрокор.
Најголем предуслов е докапитализацијата на „Ledo“ да биде успешна. Ако компанијата собере доволно пари ќе го привлече и Frikom со себе, потоа ќе следи и евентуална промена на името.
По завршената докапитализација планот е Ledo своите акции да ги котира на Загребачката берза. Претставувајки ја компанијата и нејзиното работење. Според Китониќ компанијата „Ledo“ во 17 години работа секоја година бележи раст на приходот од продажба за 19,1 отсто.