Фунтата го „поклопи“ доларот - се ќе биде полесно...
Објавено во: Економија 19 Април, 2017
Растот на фунтата покажува дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе оди многу полесно од она што се очекуваше, пишува Асошиетет прес.
Валутата скокна откако британската премиерка Тереза Мејл бараше вонредни парламентарни избори.
Со вчерашниот раст од 2% во однос на доларот, фунтата е на највисоко ниво од октомври.
Можноста Британија да задржи дел од пазарот по заминување од ЕУ ја зајакна фунтата, но паднаа акциите на некои компании.
Фунтата падна по референдумот од 1.5 на 1.2 долари и тоа беше минимум за 32 години.
Вчера фунтата се тргуваше за 1,2876 долари.