29 Март, 2024
0.0305

Футуризмот испратен во историјата, Барокот е иднината за ГТЦ!

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Од повеќе идеи за фасадата на Градскиот трговски центар, како што јавува Алфа избрано е решението кое е најблиску до барок. Телевизијата се повикува на неофицијални извори. Автор на решението е Жарко Чаушевски, архитект чии неколку предлози веќе се реализирани со проектот 2014. Нови фасади во барок-стил ќе добијат и станбените кули во ГТЦ. Според идејното решение, наводно избрано од Комисијата од неколку архитекти и директорот, ГТЦ ќе добие три куполи. Фасадата која ќе гледа кон Собранието, добива десетици антички столбови, а на кровот ќе има голема тераса со бројни скулптури. И другите страни на објектот добиваат соодветни украси, со бронзени или елементи со златно-жолта боја. Инаку, како што дознава Фактор но во игра биле сите три правци кои се бараа на конкурсот, футуризам, класицизам и барок. Инаку досега имаше неколку неуспешни обиди за избор на идејно решение за нова фасада и надгрдба на ГТЦ. Еден од конкурсите беше поништен поради тоа што пристигна само еден проект кој предвидуваше футуристички изглед на ГТЦ. На последниот конкурс имаше пристигнато четири труда, три беа македонски, а едно странско идејно решение. Тогаш еден од авторите понуди  современа архитектура, двајца стаклена надворешност, а четвртиот, комбинација од барок и класицизам. Но и овој конкурс беше поништен, поради одредени недостатоци во самите проекти. фото: футуристички ГТЦ нема да гледаме  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење