25 Април, 2024
0.0287

ФЗОМ отвори истурен шалтер во Поликлиника Чаир

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска го пушти во употреба истурениот шалтер во Поликлиниката Чаир при ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Осигурените лица, здравствените установи, избраните лекари, како и обврзниците за плаќање здравствен придонес (фирмите) од овој шалтер ќе добиваат различни услуги, како пријави – одјави за здравствено осигурување, прием на ИЛ обрасци, печатење на сини картони, одјава/пријава од матичен лекар, потврди за платен придонес, потврди за ослободување од партиципација во цената на здравствените услуги за крводарители и лица со посебни потреби.

На пуштањето присуствуваа директорите на Фондот Јован Грповски и Џемали Мехази и на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ.

Директорите сметаат дека отворањето на шалтерот ќе ги приближи услугите на граѓаните и ќе овозможи брзо, ефикасно и навремено добивање на услуги од Фондот, а со тоа ќе им овозможи на граѓаните заштеда на пари и време.

Истурениот шалтер на ФЗОМ во Чаир е трет од ваков вид, по Драчево и Ѓорче Петров. Треба да покрие голема територија и околу 65.000 граѓани и 70 приватни здравствени установи и аптеки.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan