20 Април, 2024
0.0275

Г-дин Ердоган, Германија не е Турција

Во Германија слободата на говорот и на креативноста е формулирана многу широко и ги штити вклучувајќи ги и оние дела кои воопшто не ни се допаѓаат - како што на мене не ми се допаѓа изразите во „клеветничката“ поема на Бомерман, анализира ДВ.

Објавено во: Анализа 05 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Спор нема: поема на адреса на Ердоган што германскиот сатиричар Јан Бомерман ја изрецитира на телевизија, беше навистина невкусна. Неколку фрази во ова песна се на толку ниско ниво, што не треба ни да се цитираат - откако сигурно се сеќавате, дека стануваше збор и за секс со животни. Да не зборуваме дека текстот покрај сѐ останато репродуцира и некои апсурдни, неосновани клишеа за Турците, вели во својата анализа за Дојче веле, Сузане Шпроер.

Да навредиш важна личност

Веќе половина година обвинителството во Мајнц го истражува сатиричарот по сомневање дека го навредил турскиот шеф на држава. Денес одлуката веќе постои: Бомерман нема да биде изведен на обвинителна клупа, истрагата се прекинува. И тоа е сосема правилно.

Човек веднаш се прашува: но како е можно, откако предметната поема едноставно врие од грди и навредливи изрази? Зборови, од кои се крева косата.

Па да, можно е. Нешто повеќе дури: тоа е единственото правилно решение. Бидејќи песната емитувано во една сатирична емисија на Втората германска телевизија ZDF, не целеше ниту намерна навреда, каква визира чл. 185 од Кривичниот законик, ниту пак навреда на „органи и претставници на странска држава“, според чл. 103, кој, впрочем, треба да биде исфрлен.

Обвинителството не утврдило „со потребната сигурност“ дека сатиричарот постапил намерно со цел да го навреди турскиот претседател. Бидејќи самиот Бомерман експлицитно изјави во емисијата дека со таа поема ги преминал границите на сатира. Дека всушност слични текстови не се дозволени. Дека таква клеветничка песна не треба да се емитува и затоа може да биде симната од програмата. Како што и се случи. Откако преносот беше емитуван, а ZDF ја отстрани снимката од архивата, тоа предизвика скандал. Со два збора: дејствата на Бомерман беа насочени провокација.

Но и итрата игра со правилата, каква често практикуваат сатиричните емисии кои користат претерани, хумористични хиперболи и неовластено ги заобиколуваат границите, за да ја натераат публиката не само да се смее, но понекогаш буквалнода се задави од предизвикот. Како што се случи во овој случај, кој си има и предисторија. 

Во друг сатиричен пренос на Првата програма ARD недели порано беше емитувана сатирична песничка која се потсмеваше со затегнатата цензура и потиснување на слободата на говорот во Турција. Предметната песничка без сомнение беше сатира дозволена со германските закони, но без оглед на тоа турскиот претседател го повика германскиот амбасадор и побара видеото да бидат отстранета од архивата. Но тоа не беше избришано, а со следниот скеч Бомерман едноставно го заби сечилото на сатирата уште подлабоко. И целта му беше не да го навреди човекот Ердоган, туку да ја критикува неговата политика, анализира Шпроер.

Важен сигнал до сите деспоти во светот

На истото мислење е и обвинителството, кое со одлука категорично застана на страната на слободата на говорот и творечката слобода. Сосема правилно. Бидејќи дури и кога е темна, една сатира останува сатира - и не подлежи на кривично гонење во Германија. За разлика од Турција, каде што претседателот Ердоган со цврста рака гони новинари, уметници и воопшто сите противници на неговиот режим, а слободата на говорот едноставно веќе не постои - како, впрочем, неодамна на свој грб го доживеа и Дојче Веле.

Случајот „Бомерман“ уште не е правосилно завршен, бидејќи во ноември судот во Хамбург ќе се произнесе по уште една граѓанска тужба. Независно од тоа, сепак одлуката на обвинителството е важен сигнал до сите деспоти во светот. Во Германија слободата на говорот и на креативноста е формулирана многу широко и ги штити вклучувајќи ги и оние дела кои воопшто не ни се допаѓаат - како што на мене не ми се допаѓа изразите во „клеветничката“ поема на Бомерман, вели Шпроер. 

Ќе го кажам тоасо зборовите на Роза Луксембург: „Слободата - тоа е секогаш слободата на неистомислениците“. И токму во тоа се состои нашата демократија.