Габриел: Заострувањето во Заливот е драматично
Објавено во: Свет 10 Јуни, 2017
Спорот меѓу Катар и останатите арапски држави би можел да доведе до војна, вели германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.
Тој верува дека постои шанса за смирување на тензиите. За Габриел заострувањето во односите на братските народи и соседски држави во Заливот е „драматично“.
Габриел нагласи дека оваа недела разговарал со колегите од Саудиска Арабија, Катар, Турција, Иран и Кувајт, по што сфатил колку е сериозна ситуацијата.
„Но, верувам постојат и добри шанси за напредок“ - вели Габриел.
Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин во понеделникот ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го за финансирање на екстремистички групи и поддршка на Иран.
Јемен и Малдиви подоцна им се приклучија на овие мерки. Катарските власти ги негираат таквите обвинувања.