19 Април, 2024
0.0318

(ГАЛЕРИЈА) Борисов и Заев му оддадоа почит на Гоце Делчев во Скопје

Објавено во: Македонија, Галерија 02 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот на соседна Бугарија Бојко Борисов и неговиот колега и домаќин Зоран Заев положија венци пред саркофагот на Гоце Делчев, кој се наоѓа во црквата "Свети Спас" во Скопје. 

Со симболичниот гест практично започна примената на вчера потпишаниот билатерален Договор за добрососедство и пријателство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија. Во еден од членовите пишува дека може да има заеднички прослави на "заеднички историски настани и извори".

Храмот "Свети Спас" во XIX век го добива денешниот изглед.

Црквата Св.Спас е особено значајна поради својата мошне убава уметничка резба во која е изработен иконостасот, владичкиот престол, проповедниците, певниците и постолјето за целивање на икони.


Во дворот се влегува низ тешката и окована дабова порта и во него доминира едноставниот камен саркофаг во кого се сместени посмртните остатоци на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев (1872-1903). Црквата е тробродна, средниот брод е засводен, страничните се рамни и покриени со штици во коцки, додека во западниот дел е подигната галерија за жени. На јужниот ѕид, повисоко од денешното ниво на подот, во текот на поправката на црквата 1963-64 година е откриен живопис од XVI-XVII век. И токму овој ѕид зборува за дел од историјата на оваа црква подигната во XVI век. Во текот на XIX век црквата го добила својот конечен изглед. Во 1824 бил довршен иконостасот, а во 1867 бил изработен дел од престолните икони. За изведување на иконостасот и иконите, свој придонес дале занаетчиските еснафи и трговци од Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите