29 Март, 2024
0.0310

(ГАЛЕРИЈА) ИДЕИ КОИ ЌЕ ВЕ ВООДУШЕВАТ: Како да го декорирате балконот и покрај тоа што е мал?

Објавено во: Стил 19 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во градот балконот, дури иако е мал, е ваш небесен агол - она затскриено место каде во топлите денови ќе се релаксирате после долг ден. Според димензиите и основните функции на балконот, треба да изберете и соодветен мебел. Ние ви донесуваме неколку идеи за мебел и декорација на вашиот балкон.

Мала маса со две столици - ова е најчестата опција за мебел на балконот, бидејќи ги исполнува стандардите. Причината - не зазема многу простор, но е доволна за да можат двајца да пијат кафе или да вечераат на отворено.

Клупата-магацин

Затворената клупа која имитира ковчег, е практичен избор ако балконот ви е средно голем, но не доволно за да имате место во кое ќе го држите градинарскиот алат, саксии или пак перниците и покривка за надвор.

Отворена дневна соба

Ако балконот ви е доволно простран, тогаш ве советуваме да го декорирате со маса со четири столици или маса, клупа и две столици. Така, кога имате гости во текот на летото, секогаш може да ги поканите да каснете на отворено. Во случај балконот да е со јужна или западна положба, размислете за чадор или тенда. 


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи