(ГАЛЕРИЈА) Македонската филхармонија го наполни градскиот парк
Објавено во: Галерија 23 Јуни, 2017
Манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“ синоќа го наполни Градскиот парк во Скопје а музиката на „Пинк флојд“ исполнета од Македонската филхармонија и диригентот Џијан Емин ги размрдаа присутните.
На големи платна сликаа уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо, а посетителите добија бесплатен примерок од книгата „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог.
ФОТО: Фактор