24 Октомври, 2017
0.2972

(ГАЛЕРИЈА) Пристигнаа 300 припадници на Вооружените сили на САД за вежбата „DRAGOON GUARDIAN 17“

Објавено во: Македонија, Галерија 28 Јули, 2017

Со шест конвои во кои има по 20 борбени возила денеска преку граничниот премин „Деве Баир“ од Бугарија во Македонија пристигнаа 300 припадници на Вооружените сили на САД кои ќе учествуваат на заедничката вежба со инженерците Армијата на Република Македонија „DRAGOON GUARDIAN 17“.

На полигонот „Криволак“ денеска ќе започнат и заедничките активности на двете армии на која АРМ со 95 припадници ќе ја прикаже подготвеноста во одговор на сценариото подготвено за вежбата. Прва активност ќе биде изработката Полетна-слетна патека (ПСП) за беспилотни летала во должина од 300 и широка 30 метри. ПСП ќе биде изработена по сите стандарди на американската војска, а ќе остане во користење на АРМ. За време на вежбата инженерците ќе расчистуваат патишта од импровизирани експлозивни направи, а АБХО единиците ќе увежбуваат заштита од атомско оружје и начинот на деконтаминација. Последна активност ќе биде запознавање со личните вооружувања на двете армии при што ќе бидат изведени и боеви гаѓања.

ФОТО ФАКТОР 


Можеби ќе ве интересира

„Вратарите“ Мукоски и Василевски на распит во обвинителството за 27 април

„Вратарите“ Мукоски и Василевски на распит во обвинителството за 27 април

Грујевски и Бошковски денес пред грчки суд

Грујевски и Бошковски денес пред грчки суд

Екс пратеникот Васко Наумовски со поддршка на реформаторите

Екс пратеникот Васко Наумовски со поддршка на реформаторите

Павле Богоевски: Не власта, туку органите на прогон прислушуваат

Павле Богоевски: Не власта, туку органите на прогон прислушуваат

Македонија кон ЕУ и НАТО: Ние направивме силен напор, сега вие сте на ред

Македонија кон ЕУ и НАТО: Ние направивме силен напор, сега вие сте на ред

СТУДЕН БРАН: Каде „истури“ најмногу дожд денеска?

СТУДЕН БРАН: Каде „истури“ најмногу дожд денеска?

Дури беа на власт за ВМРО ДПМНЕ прислушуваа странски служби, сега ги прислушувале домашни

Дури беа на власт за ВМРО ДПМНЕ прислушуваа странски служби, сега ги прислушувале домашни

Заев не очекува од политички причини да биде попречена екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Заев не очекува од политички причини да биде попречена екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

Владата го одбележа 23 октомври - Обврска за подобар живот

Владата го одбележа 23 октомври - Обврска за подобар живот