29 Март, 2024
0.0265

(ГАЛЕРИЈА) Средба на Заев со црногорскот премиер Марковиќ: Поддршка Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО

Објавено во: Македонија, Галерија 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, советници, денеска се сретна со Душко Марковиќ, претседател на Владата на Република Црна Гора, придружуван од Осман Нурковиќ, министер за транспорт, Предраг Митровиќ, амбасадор на Црна Гора во Македонија, владина делегација од Црна Гора.

Република Македонија и Република Црна Гора заеднички ќе работат за економски и евро-атлантски перспективи на државите и на целиот регион, затоа што само со Балканот во ЕУ е можна единствена и стабилна Европа, е заедничкиот став на премиерите на Македонија и Црна Гора и на владите на двете држави.

Црногорскиот премиер Марковиќ рече дека владините политики на Република Македонија, по вчерашните избори, имаат нова силна енергија, што верува дека премиерот Заев и Владата на Македонија ќе продолжат да ја насочуваат кон интересите на сите граѓани во државата и кон отворањето остварувањето на државните стратешки цели, ЕУ и НАТО. Исто така дека Република Македонија ја има поддршката на Република Црна Гора да стане 30-та земја членка на НАТО.

„Црна Гора, по членството во НАТО е посветена сите земји аспиранти, меѓи кои и нашиот добар пријател Република Македонија, да ги реализираат интеграциите во НАТО, што значат стабилност и безбедност но и економски развој“, рече црногорскиот премиер Марковиќ, кој додаде дека државата има пораст на приходите во последната година и економски раст меѓу највисоките во Европа, што во најголем дел се должи на НАТО интеграциите на Црна Гора.

- Владата на Република Македонија многу темелно работи на сите реформи и потребни услови за реализација на евро-атлантските интеграции. Македонија прави исчекори напред и на домашен и на меѓународен план. Црна Гора е мотивирачки пример за целиот регион како се оди напред и ние како Влада и како држава се надеваме дека земјата ќе биде 30-та членка на НАТО, како и дека набрзо ќе се отворат вистински европски перспективи за Македонија, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, додаде дека „верува дека доаѓа добро време и за Македонија и за целиот регион на економски план и во остварувањето на заедничките евро-атлански цели“.

На средбата е констатирано дека Република Македонија и Република Црна Гора имаат добри пријателски односи, државите немаат отворени прашања меѓу нив и дека тоа е добра платформа за надоградување и интензивирање на соработката. Во таа насока посебно се разговараше како да се даде нова и квалитетна динамика на економската соработка, што ќе придонесе кон меѓусебен интерес за инвестиции, за соработка на бизнис заедниците, за отворање нови работни места за мотивирање посебно на младите својата иднина да ја гледаат во своите родни земји. Разгледани се и можностите за соработка во областа на енергетиката, земјоделството, инфраструктурата.

Двајцата премиери, Заев и Марковиќ констатираа дека самитите и средбите на лидерите на земјите од регионот во Трст, Драч, Подгорица, Сараево и во Скопје со утрешниот Самит 100, во Будва во ноември покажуваат дека државите од Западен Балкан имаат политички раководства кои се фокусирани на интересите на граѓаните на нивните држави и на евро-атлантските перспективи, како и способност и потенцијали да придонесат кон регионален развој, а со тоа и кон стабилна Европа и стабилен свет.

ФОТО ФАКТОР


Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара