(ГАЛЕРИЈА) СТОЛТЕНБЕРГ: Морам да ја исклучам опцијата за влез со привремена референца
Објавено во: Македонија, Галерија 18 Јануари, 2018
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, по средбата со премиерот, Зоран Заев, во Владата, потврди дека интегративниот процес на Македонија во НАТО ќе зависи од решавањето на спорот со Грција.
„Морам да ја исклучам опцијата за влез со привремена референца. Дека тоа не е возможно се покажа прво на самитот во Букурешт во 2008 година, а се потврди и потоа на самитот во Варшава минатата година. Нема план Б, потребно е прво взаемно прифатливо решение под покровителство на Обединетите нации. Мислам дека е важно да сум искрен“ - вели тој.
Според него, македонската Влада покажа дека е амбициозна, но тој мора да биде реален.
ФОТО ФАКТОР