Галерија: ВМРО-ДПМНЕ прослави 27 години, вети кратко ќе биде опозиција
Објавено во: Македонија, Галерија 18 Јуни, 2017
ВМРО-ДПМНЕ вчера го прослави својот 27 родеден од формирањето на политичката партија, а лидерот Груевски вети дека кратко ќе бидат во опозиција бидејќи народот повторно ќе им ја даде довербата.
Груевски говореше против СЈО најавувајќи нови случаи во кои ќе има политички мотив, ги критикуваше медиумите дека биле замолчени, го спомна надворешното мешање на моќните сили кое повторно ќе биде насочено против ВМРО-ДПМНЕ, а им вети на Албанските граѓани дека не им е непријател и дека може и понатаму да сметаат на него.