25 Април, 2024
0.0684

Гејмерска транзиција или минлива работа?

Објавено во: Анализа 24 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

 Конзолите за видео игрите бележат значителен пад на продажбата. Информациите велат дека гејмерите ги очекуваат новите конзоли на Сони, Мајкрософт и Нинтендо кои треба да се појават во текот на оваа година. Сепак за производителите на видео игри можеби има една нова опасност – Паметните телефони. Во 2017 година се очекува да бидат испорачани дури 1,7 милијарди паметни телефони или четири пати повеќе од скоро 450 милиони испорачани оваа година. Се поставува прашањето дали гејминг индустријата може да доживее промени благодарение на паметните телефони. Со сликата подоле ќе ви го објасниме она што засега делува дека е голем хит: Компанијата Блејдпад ја прави оваа направа за која велат дека може да го смени начинот на кој индустријата ќе функционира. Благодарение на оваа направа се повеќе хард кор играчи (не само оние кои играат angry birds) се префрлаат на игри кои може да поефтини пари да ги симнат на нивните мобилни телефони. Главната цел на Блејдпад е да има се повеќе апликации кои ќе го подржуваат овој нивни додаток. Уште една старп ап компанија Импулс нуди слично вакво решение и досега на сајтот Кикстартер (сајт на кој се подржуваат мали бизнис) има собрано скоро 200.000 долари и се очекува да почне со производство на како што велат најмалиот контролор за мобилни телефони на кој ќе може да се играат игри. Да купите игра во продавница (без да ја симнувате пиратски) ќе ве чини околу 60$ (зборуваме за спортските игри на Електроник Артс на пример). Истата таа игра доколку ја купите за вашиот мобилен телефон ќе чини само 5 долари. Главното прашање е дали овој нов начин на играње ќе го надополни или потполно ќе го уништи традиционалниот начин на играње игри. Ние сепак мислиме дека искуството на играње пред голем монитор е незаменливо и дека производителите на конзолите може да останат безбедни, барем засега. Редакција Фактор