20 Април, 2024
0.0283

Генералниот потсекретар на Обединетите нации и Администратор на УНДП Хелен Кларк во посета на Тетово

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Генералниот потсекретар на Обединетите нации и Администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Хелен Кларк го посети Тетово во придружба на заменик потпретседателот на Влада Арбр Адеми, министерката за локална самоуправа Ширет Елези, градоначалничката на Тетово Теута Арифи и постојаниот претставник на УНДП во земјата Луиза Винтон.

Кларк посети еден од тековните проекти на УНДП во Полошкиот регион кој во 2015 година беше погоден од катастрофална поплава, која предизвика огромни штети и однесе неколку жртви. Како одговор на високиот ризик од поплави, УНДП, со финансирање од Министерството за локална самоуправа спроведува итни мерки за реконструкција на оштетената инфраструктура заштита од поплавите на река Пена.

Високата делегација ги посети локациите на кои во финална фаза се градежните работи за реконструкција на неколкуте прегради и каскадни прагови. Покрај овие мерки, во рамките на овие напори, во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи, за прв пат во државата се воспоставува систем за навремено предупредување на поројни поплави преку обновување на метеоролошката и хидролошката мониторинг мрежа.

„Со оглед на неодамнешните катастрофални последици од поплавите, превенцијата на идните штети е приоритет за нас. Се подготвуваме да ги прошириме активностите за заштита од поплавите во други локации на регионот. Инвестирањето во превенција повеќекратно се исплатува. На пример, за еден милион долари инвестирани во заштита од поплавите во Тетово, ќе се избегнат штети во вредност од десет милиони долари“, изјави Хелен Кларк.

Ние во УНДП знаеме дека инвестициите во превенцијата од поплавите и другите катастрофи се помеѓу најисплатливите. Во случајот на Тетово, доколку не се преземат мерки за заштита, идни слични поплави како тие во 2015 година може да предизвикаат десектратно повисоки штети од потребната инвестиција“, изјави

Делегацијата ја посети и Шарена џамија каде што се запозна со историјата и вредностите на ова културно – историско богатство кое датира од крајот на XV век. 

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга