Георгиевски за договорот со Бугарија: Одлично балканско позиционирање на Македонија
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2017
Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски го искоментира на Фејсбук објавувањето на договорот за добрососедство со Бугарија.
„Еве го видовме договорот. Ништо ново, ниту пострашно од декларацијата. Само што сега ДПМНЕ ги кажува истите забелешки што тогаш ги кажуваше СДСМ. Одлично балканско позиционирање на Македонија. Бел бумбар за Заев и два црни за ДПМНЕ“ - пишува Георгиевски.
Инаку договорот е објавен на веб страната на Владата и секој може да го прочита.