КАНЦЕЛАРКАТА ТРУПА ПОРАЗИ
ГЕРМАНИЦИТЕ ЈА КАЗНИЈА: Втор шамар за Меркел на изборите во Берлин
Објавено во: Свет 19 Септември, 2016
Под слоганот „Силен Берлин“ канцеларката Ангела Меркел вчера се упати кон четвртата загуба оваа година на локалните избори.
Германците упорно ја казнуваат за нејзината политика на отворени врати кон мигрантите и веројатно нема да и дадат четврт мандат следната година.
Меркел веќе регистрира порази на изборите во Баден-Виртемберг, Северна Рајна-Вестфалија и Мегленбург-Предна Померанија.
За гласањето во Берлин таа не можеше да се надева на повеќе од 17% и социолозите го прогнозираа падот на нејзината Демохристијанска унија од владејачка коалиција со социјалдемократите.
Прогнозата се за составување на лево-зелена коалиција, на која може да се приклучи и Левата партија.