Добивај вести на Viber
Производството на обновлива енергија во Германија се очекува да расте побрзо во однос на владините прогнози бидејќи државата прави големи инвестиции во „зелените“ извори на енергија. Благодарение на растот на новите инсталации на извори на соларна, ветроенергија и други извори на обновлива енергија, за десет години речиси половина од производството на електричната енергија треба да дојде од новите, еколошки извори, изјави Штефан Колер, претседател на владината агенција за надзор на германските електрични мрежи.
Според прогнозите, официјалната цел е до 2022 година зелената енергија да дава 35 % од вкупната електрична енергија. Но Германија отиде чекор напред, па според последните прогнози, ова ќе биде надминато и се проценува дека тие извори на енергија до дадениот рок ќе чинат околу 48 отсто од вкупната енергија.