19 Април, 2024
0.1180

Германија ја тресат полициски акции: Кој се апси?

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Германските власти и безбедносните сили спроведуваат спецоперациja во четири градови на провинцијата Тирингија, пишува весникот Bild. Се вршат претреси во градовите Јена, Зул, Шмалкалден и Гилдбургхаузен. Се тврди дека станува збор за „акутна терористичка закана“. Детали не се даваат, забележува уште весникот.

Последователно Daily Mail информира дека полицијата во Германија е претресла 13 згради во целата земја, поради добиена информација дека екстремисти од терористичката група "Исламска држава" подготват напад. 

Органите на редот почнаа со антитерористички операции во провинциите Тирингија, Хамбург, Северна Рајна-Вестфалија, Саксонија и Баварија. Вооружените полицајци, придружени од обучени кучиња, бараат оружје и експлозиви, истакнува "Шпигел". Оние кои се приведени за време на акциите, објаснуваат дека се чеченските бегалци, но се смета дека се од исламистички средини.

Да потсетиме дека претходно овој месец германската полиција трагаше по 22-годишен Сириец осомничен за подготвување на терористички напад на територијата на земјата. Властите во провинцијата Саксонија издале наредба за апсење на Џабер Ал-Бакр, за кого се знаеше дека е роден во Сирија во јануари 1994 година.

Пред тоа во дел од германскиот град Кемниц беше воведена вонредна состојба поради закана од можен терористички акт. Подоцна германските власти соопштија дека приведениот Сириец се самоубил во затвор. Мажот осомничен дека работел за "Исламска држава", и беше предаден на полицијата од тројца сонародници, кои го засолнаа пред тоа. Според Bild 22-годишниот Ал-Бакр изјавил уште на првите сослушувања во полициjа дека тројцата сириски бегалци биле во текот со неговите планови да изврши напади. Неговата смрт покренува голем број прашања за начинот на кој бил третиран надзор над него во затвор.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

РУСКИ ШПИОНИ ПЛАНИРАЛЕ НАПАДИ НА ВОЕНИ ОБЈЕКТИ ВО ГЕРМАНИЈА! Ја шпионирале американската база каде се обучуваат украински војници

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените