ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ ТУРЦИЈА: Го задржуваме правото да забраниме влез на турски политичари
Објавено во: Свет 15 Март, 2017
Шефот на кабинетот на германската канцеларка, Ангела Меркел, Петер Алтмајер изјави денеска дека забраната за турските политичари да влезат во Германија за да водат кампања за референдумот е последно средство, но тоа е мерка за која владата го задржува правото да ја примени.
Тој вели дека Германија не дава слободен премин за во иднина.
„Внимателно ќе следиме што е оправдано, а што не“ - рече Алтмајер.
Минатата недела властите откажаа три собири во неколку германски градови, на што Анкара остро реагираше.