ГЕРМАНИЈА СО ЖЕСТОКА ПОРАКА: Ердоган ги премина границите!
Објавено во: Балкан 20 Март, 2017
Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го предупредил турскиот колега дека Реџеп Таип Ердоган ги „преминал дозволените граници“. Неговиот коментар пред „Passauer Neue Presse“ е по повод коментарот на турскиот претседател пред еден ден, во кој тој ја обвинува германската канцеларка Ангела Меркел за употреба на „нацистички практики“ против турски државјани.
„Ние сме толерантни, но ние не сме глупави“, рекол Габриел. „Затоа го предупредив мојот турски колега дека дозволените граници се преминати“, додаде тој.
Германскиот министер за надворешни работи, исто така, коментираше дека во овој момент „членството на Турција во ЕУ е подалеку од било кога.“
Турскиот претседател вчера упати персонални напади против Меркел, ја обвини дека користи нацистички практики, алудирајќи на одлуката на германските власти да забранат манифестации на турски министри на германска територија по повод претстојниот во Турција референдум на 16 април за зголемување на претседателските овластувања.
Во исто време властите во Франкфурт дозволија митинг на Курдистанска работничка партија која е забранета во Турција .