23 Април, 2024
0.0266

ГЕРМАНСКИ ВЕСНИК: Ќе му помогнат ли Албанците на Заев да го прогони Груевски?

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ денеска ја анализира постизборната состојба во Македонија и можните коалиции кои во иднина би ја предводеле владата. Клучното прашање гласи: Ќе помогнат ли Албанците да се урне Груевски?, пишува Дојче Веле.

Погледот кон Македонија повторно се врти поради проблемот со бегалците и фактот дека земјата важи за главна „порта“ за нивното движење кон западна и северна Европа. Од овој аспект, во текстот под наслов „Гнилата порта на балканската рута“, ФАЦ оценува дека по изборите од декември, битката за власт во земјата е возбудлива, набројувајќи ги притоа поделбата на пратеничките места меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и вмешувањето на албанскиот премиер Еди Рама во изработката на заедничката платформа на албанските политички партии во Македонија.

„Порано, Груевски и другите изборни победници се обидуваа своите помали албански партнери да ги свртат едни против други. Доколку една албанска партија не е послушна, ѝ се заканува создавање коалиција со некоја друга. Тоа веќе не е така едноставно. Имено, со одлучно посредување на премиерот на една соседна држава - Еди Рама од Албанија - три од четирите партии на македонските Албанци кои влегоа во парламентот потпишаа пакт. Во него се сместени седум барања кои мораат да бидат исполнети за една албанска партија да влезе во владата во Скопје“, пишува ФАЦ.

„Барањата се Албанците веќе да не бидат привилегирано малцинство, туку по сите прашања - рамноправна етничка група, нешто како Турците во Кипар. Албанскиот јазик треба да стане втор официјален јазик, не само таму каде што Албанците се мнозинство, туку низ цела Македонија.
(...)Македонската химна и знаме исто така треба да се сменат за да бидат прифатливи и за албанската заедница. На крај, треба да се признае и 'геноцид врз Албанците' во периодот меѓу 1912 и 1956 година.

Повеќе за сторијава прочитајте овде.

Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост