26 Април, 2024
0.0386

Германските директори лани заработиле помалку од европските колеги!

Објавено во: Стил 19 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Извршнитe директори на 30-те најголеми германски компании минатата година однесле дома во просек 5,3 милиони евра, или три проценти повеќе отколку во 2011-та.Сепак оваа сума сеуште е под европскиот просек, покажува истражувањето на консултантска фирма „Towers Watson“. Според извештаите од 23 од 30 германски компании кои учествуваат во формирањето на берзанскиот индекс DAX, платите на извршните директори лани се движеле од 2,1 милиони евра, колку што примил директорот на Луфтханза, Кристоф Франц, па се до 14,5 милиони евра, што е годишна плата на шефот на „Volkswagen“ Мартин Винтеркорн. Винтеркорн повторно беше најскапо платен извршен директор во Германија, иако неговата плата поради новита ограничувања на бонусите во компанијата се намали за 13 отсто во споредба со 2011-та. Истражувањата покажаа дека платите на првите десет директори на компаниите од листата на DAX се намалени, кај некои до 27 проценти, додека платите се зголемија кај 11 директори и до 32 проценти. Од друга страна, добивката пред одбивање на камати и даноци , во просек, се зголемила за 14 проценти. Директорите во Германија сепак заработиле  многу помалку отколку нивните колеги низ Европа, со оглед на тоа што извршните директори на компаниите кои учествуваат во формирањето на европскиот берзански индекс „Dow Jones STOXX 50“ минатата година, во просек заработиле  7.5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти