Гевгелија и Поликастро со заеднички саем и нов бизнис центар
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2012
Советниците по економски прашања од Гевгелија и од грчкиот град Пеонија, денеска се сретнаа во Поликастро на еднодневна работилница што се одржа во рамки на проектот за отворање бизнис центри и трговски саем. Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.
Со оглед на тоа што подготовките за отворање на бизнис центрите се речиси завршени, беше најавено нивно официјално пуштање во работа за најкраток временски рок, прво во Гевгелија, а потоа во Поликастро. Првата средба на стопанствениците од пограничниот регион ќе се одржи во Поликастро, а најевен е и првиот трговски саем чиј организатор и домаќин ќе биде Гевгелија. На работилницата во Поликастро беа разгледани и други можности за соработка меѓу двата града.