25 Април, 2024
0.0294

ГИ ПРИВЛЕКУВА КАКО МАГНЕТ: Оваа земја стана „нова ветена“ за Русите

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Брзиот раст на полската економија создаде побарувачка за работниците, посебно за евтина работна сила од Истокот.

Тој недостаток го пополнуваат луѓе од Белорусија и Украина, а се работи воглавно за работници кои работеле во Русија.

Во Белорусија пак се повеќе огласи на кои пишува: „Потребни се работници во Полска за повеќе различни позиции. Повикуваме и мажи и жени“.

Таквите работни места обично се отворени за сезонски работници, како што се возачи на камиони, маханичари, ѕидари, водиводџии и сл.

Месечната плата варира од 2000 до 7000 полски злоти, што е од 500 до 1800 долари.

„Во последните три години бројот на странци кои се вработиле во Полска е зголемен двојно на 237 000. Дури 60% работници дошле од Украина. Оние од Белорусија биле втора најчеста група, 11 000 од нив, а од Русија имало 5 1000 работници“, се гледа од извештајот на полската администрација.

Сепак полските експерти кои работат при агенциите за вработување велат дека овие бројки може да бидат и до седум пати поголеми од официјалните цифри бидејќи многумина од нив и немаат договори за работа.

Пред кризата која ја зафати руската економија, поради евтината нафта и санкции, многу од овие работници работеле во Русија.

Проценките покажуваат дека помеѓу 2005 и 2014 имало од 400 000 до 800 000 Белоруси гастербајтери во Русија. Но, како што паѓале приходите од нафта, понудата за странски работници исто така паѓала.

Раша тудеј пренесува дека Полска е една од најбрзо растечките економии во ЕУ, со популација од 38 милиони жители.

Во последните 25 години нејзиниот БДП по глава на жител пораснал од 32 на 60 отсто од европскиот просек.

Во моментов котира на осмото место по големина на економии во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек