Ги проучувал навиките на богатите: Што прават милионерите прво кога станат?
Објавено во: Финансии 11 Јануари, 2018
Периодот од денот кога милијардерите создаваат голем дел од своето богатство е токму утрото.
Том Корли, авторот на книгата "Rich Habits", во текот на пет години ги проучувал животните навики на 233 милионери во светот.
Корли заклучил дека оваа група на луѓе најголем дел од својата сила ја вложуваат во утрото.
Милионерите во раните утрински часови (поединци се будат во 3 или 4) најмногу медитираат, вежбаат, работат на решенија на проблеми и читаат. Оваа последната ставка е исклучително важна, бидејќи оваа група на луѓе постојано се труди да ги прошири своите знаења.
Милионерите така некое време трошат на читање ведри, мотивациони и инспиративни работи, благодарение на кои стекнуваат добро расположение за работа и достигнување на цели кои си ги поставиле пред себе.