Ги забранија летовите над „Трамп Тауер"
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2016
Летовите над 58-катната зграда „Трамп Тауер", чиј влез е откај њујоршкиот Централ парк, беа забранети од силите за безбедност во САД.
Мерката е вообичаена за резиденција на претседател.
Оригиналната зграда „Трамп Тауер" е еден од симболите на успехот на магнатот кој стана 45-от претседател на САД. Зградата се наоѓа на Петтата авенија. Во неа беше лоциран и изборниот штаб на милијардерот.
Радиусот на забраната е околу 3,5 километри и во нејзините граници се забрануваат летовите на пилотирани и беспилотни летала на височина под 5550 метри. Исклучоците се за воената авијација, спасувачките служби и Сикрет сервис, која ги чува првите лица на државата, вклучувајќи и избраниот за претседател.