29 Март, 2024
0.0275

ГИГАНТОТ СЕ ВРАЌА: Samsung ги враќа на пазарот поправени Galaxy Note 7 смартфоните

Објавено во: Стил 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Samsung ќе ја обнови продажбата на смартфони Galaxy Note 7 кои беа повлечени од пазарот поради ризик од самозапалување. Со нови батерии, уредите ќе се продаваат главно на пазарите во развој.

Во мај оваа година Samsung ќе ја заврши обновата на Galaxy Note 7, а во јуни ќе пушти во продажба обновени смартфони. Уредите ќе имаат ново куќиште и батерија со капацитет од 3000-3200 мАч, додека првично се доставуваа со батерија 3500 мАч.

Возобновените Galaxy Note 7 ќе се продаваат главно на пазарите во развој како Индија и Виетнам. Можно е слични уреди да се појават и во Јужна Кореја до излегувањето на Galaxy Note 8.

Минатиот октомври Samsung го прекина производството и продажбата на Galaxy Note 7, поради ризик од самозапалување. Трошоците за превземање на неисправни смартфони од пазарот и исплата на компензација ќе изнесуваат околу 5,3 милијарди долари во периодот од третиот квартал на 2016 година до првата четвртина на 2017-та, изјавија претходно од компанијата. Надворешни експерти тврдат дека штетите ќе достигнат 20 милијарди долари.