20 Април, 2024
0.0257

Гигантски загуби, што им се случува на европските банките?

Објавено во: Анализа, Економија 09 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Податоците за работата на европските банки во првите четири месеци оваа година ги натераа финансиските експерти и аналитичари да постават сериозно прашање:

Дали европскиот банкарски систем е соочен со нова криза?

Дека таквото тврдење не е сосема невтемелено, потврдуваат резултатите за работата на големите европски банки.

Двете банки со најголем углед, Дојче Банка и Кредит Свис, изгубија од почетокот на оваа година 33 односно 35 одсто од својата вредност. Пазарната вредност на Уникредит, сопственик на Загребачката банка, се преполови, додека Ерсте банка и Интеса Санполо, сопственичка на Економската банка, изгубиле по четвртина од својата вредност.

Притоа треба да се има на ум дека поради кризата акциите на тие банки веќе минатата година изгубиле на вредност. На пример, вртоглавиот пад на вредноста на италијанските банки започна во 2015 кога Европската централна банка побара пошироки информации за бројот и големината на одобрените лоши кредити.

Пад на приходите и профитот

Швајцарската банка УБС, една од најголемите и најугледни банкарски институции на светот, објави дека во првите четири месеци на оваа година остварила нето профит од 707 милиони швајцарски франци, што е значајно помалку од заработката од лани, во истиот период на 2015 забележала нето заработка од речиси две милијарди франци.

Оперативниот приход паднал од 8,84 милијарди од лани на 6,83 милијарди швајцарски франци во 2016 година. Како и оперативниот профит пред данок паднал за 41 одсто, во само неколку часа, откако во вторникот се објавени тие поразни податоци, вредноста на акциите на УБС паднала за додатни 6 одсто.

Рекордно ниски камати за штедење

Андреас Брун, аналитичар на циришката кантонална банка, ги оценил тие резултати како сериозно промашување во сите важни делови на банкарското работење, додавајќи дека негативните трендови не се запрени и дека оваа година ќе биде уште полоша. Сепак, УБС спасил 1,36 милијарди франци кои таа банка ги заработила во Азија и тоа е една светла точка во работата на тие големи швајцарски финансиски институции.

Работата на швајцарските банки, некогаш најсигурно пристаниште за светските богаташи, стана крајно прашање. Поради рекордно ниските камати, од 0 до 1,5 проценти, повеќе не се исплати да се чуваат парите во банка. Додатен проблем е што се почесто банките пропишуваат и негативни камати, што значи дека им наплатуваат на штедачите за чувањето на своите сметки.

Италијански фонд за спас на малите банки

Поради тешката состојба на банкарскиот сектор во Италија, Владата во Рим го основаше фондот Атланта кој треба да пружи помош во рекапитализација на малите, слаби банки. Владата тврди дека тој фонд е во сопственост на приватните финансиски институции, дека ќе им помага на банките со готовина како полесно би ја пребродиле кризата и дека во тој капитал нема државни пари.

Фондот Атланта овие денови презеде 92 одсто од акциите на „Banca Popolаre di Vicenza“ откако акционерите и штедачите извлекле од банките милијарда и пол евра готовина. Иако се изнесени само 7,66 одсто од основнот капитал, акционерите и штедачите ги фатила паника, па е најавено дека Атланта ќе ги презеде сите акции кои на берзата нема да најдат купувач. Така фондот Атланта ќе стекне сопственост над 99,33 одсто од банкарскиот капитал.

Инјекција од 300 милијарди евра

Иако Владата во Рим тврди дека со тој фонд ќе спречи колапс на малите банки, во тоа малкумина веруваат: се проценува, имено, дека на италијанскиот банкарски сектор му е потребна финансиска инјекција од 300 милијарди евра за да се реши проблемот на лошите и ненаплативи кредити. Затоа не чуди тоа што Joseph Oughourlian, соосновач на „Amber Capitala“ изјавил дека проблемите продолжуваат, и дека 2016 година ќе биде многу тешка за многу европски банки.

Stefano Prosperi, од „CEO Kairos Investment Management“, исто така е многу песимистичен околу состојбата во италијанскиот банкарски сектор: тврди дека тоа е пазар меѓу најлошите во Европа и дека не е време за долгорочно работење во таа држава.

Од проблемите не се лишени ниту британските банки. HSBC банка, најголемата финансиска и банкарска институција на светот со седиште во Лондон со 85 000 вработени, најави отпуштање на 20 000 работници. Barcаlays банка, која исто така работи од Лондон, објави дека ќе укине 1000 работни места  (Credit Suisse, со досегашните 2000, најавува уште 4000 откази).

Мал потоп во случај на „Брексит“

Но, на британскиот банкарски сектор би можело наскоро да му се случи многу поголема катастрофа. Ако Англичаните на референдумот одлучат нивната земја да излезе од Европската унија, во тој случај, предвидуваат експертите, Велика Британија ќе остане без речиси 100 000 работни места во финансискиот сектор. Толку, имено, работни места од финансискиот сектор ќе се преселат во европските држави. Само Дојче Банка има во Англија повеќе од 9000 вработени.

Таквата криза е резултат пред се, на ниските цени на нафтата, ниските камати, лошите кредити, вкупната економска криза, но и лошата финансиска олигархија која одлучувала не само за судбината на поединци и компании, туку и цели држави, но и вкупна светска економија.

Обработка: И.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!