23 Април, 2024
0.0272

Ѓорги Спасов: Македонија ќе исчезне како држава ако не се идентификуваат и уапсат насилниците

Објавено во: Македонија 28 Април, 2017

Добивај вести на Viber

„Со денови Груевски и Иванов ги подготвуваа своите паравоени и параполициски орди да го одглумат 'гневот на народот' во случај парламентарното мнозинство да ја прекине нивната блокада на Собранието“, вели професорот Ѓорги Спасов за Дојче Веле.

Тој коментирајќи ја ситуацијата вели дека по овој нов 'црн понеделник', Македонија влегува во нова фаза, во која, ако не бидат итно идентификувани, уапсени и осудени насилниците, таа ќе исчезне како држава. 

„Полициските единици на Чавков, кои не дозволуваа никој да и се приближи на 'белата палата' на Груевски за време на многу помасовни протести од овие, синоќа не беше само нем набљудувач на насилството, туку и активен учесник во овозможување на хоророт. Гледавме како не направија обид да го спречат влегувањето на толпата во Собранието и како пријателски разговараат со лицата во црни фантомки. Видовме како еден стар дивјак ја влече пратеничата Шеќеринска и ја фрла на под, но не и полиција да го апси. Се личеше на добро организиран линч од страна на Груевски и Иванов, подготвен според моделот кој го слушавме во 'бомбите' кога Груевски ја изгубил власта во општина Центар: 'Кажи му утре на Суле да собери две-три илјади луѓе и да маваме. Да изеде тој едно два три јаки шамари'. Груевски и Иванов се поттикнувачи и подбуцнувачи на сето насилство што го видовме“, дециден е Спасов.

Спасов упатува и критики кон претседателот Иванов кој како вели, барем малку да се згрози од раскрвавените лица на пратениците и од дивајаштвото на толпата, Ивановво своето обраќање, како сите да се еднакво виновни, повика на 'смирување и ненасилство' и побрза веднаш да каже дека 'Уставот, законите и деловникот биле прекршени'.  

„И наместо да се засрами што тој  лично ги блокира институциите и веќе со месеци поттикнува на омраза и насилство, сега во улога на некоков миротворец, ги повика лидерите на партиите 'да се нацртаат' кај него. Но, тоа беше и најмалата глупост што многумина ја очекуваа од него, бидејќи многумина веруваа дека ќе прогласи воена состојба, откако со Груевски обезбедија Собранието да биде окупирано преку паравоени и параполициски сили“, вели Спасов.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето