29 Март, 2024
0.0277

Ѓорѓевски: Соломонско решение за македонското црковно прашање

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Професорот Ѓоко Ѓорѓевски, Деканот на Православниот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ во Скопје, смета дека потегот на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста од Бугарската црква која би била прифатена како црква мајка може да биде позитивно изведено и конечно да се реши еден голем проблем.

„Во врска со писмото што Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија го испрати до Бугарската православна црква, во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, тој посочи дека „на Балканот целото православие е „роднински“ поврзано, а речиси сите современи национални цркви како „мајка“ ја имаат Цариградската патријаршија“.

Тука, посочува, е и скоро осумвековното автокефално постоење на Охридската архиепископија, која низ историјата, исто така, имала свои рожби.

– Но, бидејќи го користиме мајчинството како парадигма за нашите црковни состојби, да се потсетиме дека тоа е исклучително голем дар, но и уште поголема одговорност, потенцира Ѓорѓевски.

Тој нагласи дека „вистинската мајка не се срами од своето чедо, не го обезименува, таа не е себична и се радува подеднакво, колку на денот на раѓањето на сопствената ќерка, толку и на денот кога таа ќе биде подготвена да си замине и да создаде сопствен дом“.

– Сега, пак, конечно се наѕира можно праведно Соломонско решение за македонското црковно прашање. Во буквална смисла на зборот. Често употребуваната синтагма своето потекло го води од една библиска сторија, кога пред мудриот цар Соломон две жени ќе спорат која од нив е вистинската мајка на едно дете. Соломон ќе заповеда тоа со меч да се преполови и на жените подеднакво да им се подели. Едната веднаш се согласила и рекла: „нека не биде ни мое, ни твое: пресечете го!“, додека другата извикала: „дајте ѝ го на другата, само не убивајте го!“ И тогаш, и сега, која се покажува како вистинска мајка?, вели Ѓорѓевски.

Предлогот на МПЦ од општата јавност наиде на негативни критики бидејќи се оценува како нов компромис на сопствена штета, но целосните односи меѓу двете цркви не се доволно објаснети, па ставовите на Ѓорѓевски и останатите експерти за религиски прашања се добредојдени.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата