19 Април, 2024
0.0262

Глад за пари: македонските фирми ги топат депозитите во банките за да исплатат плати!

Објавено во: Финансии 23 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Депозитите во банките се топат. Во април вкупната депозитна база со салдо од 3,9 милијарди евра е на најниско ниво во последните пет месеци, пониско и во однос на салдото од крајот на 2012 та година. Најновите податоци на Централната Банка покажуваат дека во април вкупните депозити во банките се намалиле под редордните 4 милијарди евра и изнесуваат 3,9 милијарди евра. Само за еден месец, од март до април падот изнесува 104 милиони евра. Анлизата на бројките укажува дека ова намалување го повлекува приватниот сектор. Заклучно со април, депозитите на приватниот сектор изнесуваат 807,7 милиони евра додека во март изнесувале скоро 913,0 милиони евра. Банкарите признаваат дека во април бил регистрира одлив на депозитите на приватниот сектор и овој тренд го поврзуваат со операцијата за раздолжување на Владата кон стопанството по основ на кумулирани долгови. “Откако Владата се раздолжи со фирмите по основ на поврат на ДДВ и завршени градежни работи, компаниите ги повлекуваат тие пари за да ги подмират своите обврски, да ја одржуваат ликвидноста, да исплаќаат плати и кредити “ – објаснуваат банкарите. Со почетокот на оваа година, откако приватниот сектор алармираше дека  се соочуваа со сериозна неликвидност, Владата мораше да го почне процесот на раздолжување кон фирмите за да се избегнат уште посериозни последици. Од септември, кога започна раздолжувањето, заклучно со март, Владата на фирмите им исплати речси 100 милиони евра. Токму овие пари, според банкарите, фирмите наместо да ги искористат како депозити, завршија за подршка на тековното работење. Со почетокот на второто тромесечје, дел од фирмите делат и дивиденди, па не е исклучена можноста и дека повлекувањето на овие пари, особено од странските фирми да имаат удел врз намалување на вкупната депозитна база. Што се однесува на штедењето кај населението, банкарите велат дека таму во континитет има тренд на стабилен пораст. Заклучно со април, штедните влогови на граѓаните изнесуваат 2,9 милијарди евра и со почетокот на 2013 та година тие се во постојан раст. Со почетокот на мај, дел од банките ги намалија каматните стапки речси си за сите видови на штедење. Анализирано од аспект на валутната структура, Народната Банка регистрираше намалување на депозитната база и влоговите во денари и на оние во девизи. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин