26 Април, 2024
0.0279

Глигор Бишев најавува прегрупирање во банкарскиот сектор, се спрема ли Шпаркасе за силен пробив на пазарот?

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Шпаркасе банка најави можни прегрупирања на банкарскиот сектор. „Имајќи ја во превид големина на македонската економија и бројот на банки и стандардите за профитабилноста, стабилноста и економијата на обемот, најверојатно ќе мора да дојде до окрупнување на банкарскиот сектор“, изјави во емисијата Патот до успехот на 24 вести Глигор Бишев, новиот директор на Шпаракасе банка. Бишев вели дека таков процес се одвива во сите земји во светот, тоа не е новост нити за Македонија. „Ние во Шпаркасе сеуште не сме ја изградиле во детали нашата долгорочна стратегија, но нашата цел е да бидеме пример на корпоративна банка, да ги донесеме вредносните системи на Шпаркасе и Ерсте групација, а знаејќи го и локалниот амбиент на стопанисување, целта е банката да расте да нуди ефикасни услуги, клиентите да бидат задоволни и ако клиентите тоа го препознаат, во што јас сум уверен,  Шпаркасе ќе расне и по други основи. Ние тоа ќе го земеме во предвид во нашите стратегии“ изјави Бишев. Тој смета дека сегашната ситуација е неодржлива. „Според стандардите на 2 милиони жители, 16 банки не даваат профитабилност за акционерите, таква каква што е во светски рамки. Тука станува збор и за ефикасноста на работењето. Но, за ова прегрупирање се зборува 10 години, најверојатно со забрзувањето на темпото кон ЕУ, веројатно и притисокот ќе се зголеми, во која временска дименизја ќе биде тоа ќе покаже времето“ изјави Бишев. Преминувањето на Глигор Бишев од Стопанска банка во Шпаркасе Банка беше еден од клучните настани во банкарскиот сектор годинава. Упатените протолкуваа дека тоа е знак за силен пробив на Шпаркасе на македоснкиот пазар со можност за нејзино здружување или преземање на некоја од постоечките банкарски куќи.  

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот