25 Април, 2024
0.0297

Глобалната трговија со оружје поставува нови рекорди: САД и Русија испорачале најмногу!

Објавено во: Свет 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Трговијата со оружје во светот го достигна својот најголем обем по Студената војна, тоа станува јасно од податоците на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ), цитиран од агенциите. 

Обемот на светската трговија со оружје во последните пет години е зголемен за 8.4% во споредба со периодот 2007-2011 година и е највисок од 1950 година, покажува извештајот.

САД и Русија испорачале над половина оружје во светот во последните пет години. Водечкиот извозник во овој период се САД со удел од 33% а нивната продажба достигнува до најмалку 100 земји. Меѓу повеќето нивните приходи од продажба се од борбените авиони и системите за противракетна одбрана.

За последните пет години Русија останува на второто место со удел од 23% и продажба во над 50 земји. Главно земјата извезува за Индија, Виетнам, Кина и Алжир. Индија доби 68 отсто оружјето од Русија - пет пати повеќе од оружјето што е увезено од САД. Институтот прогнозира дека Индија ќе остане еден од најголемите увозници, бидејќи не ја развива локалната индустрија за оружје .

Трета е Кина со 6.2% од глобалниот извоз, следена непосредно од Франција, Германија и Велика Британија, покажуваат податоците од извештајот на СИПРИ.

Видливо е зголемен увозот на оружје во Азија на чело со Индија и на Блискиот Исток, каде што главен увозник била Саудиска Арабија. Индија претставува 13% од светскиот извоз на оружје меѓу 2012 и 2016 година, а Саудиска Арабија се реди на второ место со 8%, зголемувајќи го речиси тројно делот од периодот 2007-2011 година, посочува Стокхолмскиот институт. Главни снабдувачи на Саудиска Арабија се САД (50%), Велика Британија и Шпанија. Кина, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Алжир се другите најголеми увозници.

Азија и Океанија претставуваат 43% од целиот светски увоз за петгодишниот период, а Виетнам, Индонезија и Филипините ја зголемиле побарувачката на воени бродови, подморници и воени авиони.

Вкупниот удел на Блискиот Исток е 29% - речиси двојно поголем во споредба со периодот 2007-2011 година.

„Во последните пет години повеќето земји во Блискиот Исток се обраќале главно кон САД и Европа за задоволување на зголеменото пребарување на модерна воена опрема“, вели Питер Веземан, виш истражувач во СИПРИ.

Европа претставува 11% од светскиот увоз, што е за повеќе од една третина помалку отколку во 2007-2011 година, како резултат на намалувањето на трошоците за воена одбрана.

Пад во увозот се забележува во Латинска Америка, главно Венецуела и Колумбија, додека Мексико е во контраст со овој тренд.

Увозот на Африка исто бележи пад, а Алжир претставува речиси половина од увозот на континентот.

СИПРИ е основан во 1966 година како независна институција која ја следи продажбата на оружје и други поврзани феномени. Нејзините ресурси вклучуваат бази на податоци за оружената индустрија, воените трошоци и трансфери со оружје . Податоците на институтот не ги опфаќаат малите оружја. Тие се базираат на јавни извори - од национални и регионални весници до специјализирани меѓународни изданија, а исто така и владини извештаи и извештаи на индустријата.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови