Голем број на огласи, најмногу за минимална плата
Објавено во: Економија 19 Август, 2017
На веб страната на Агенцијата за вработување има објавено над 8000 слободни работни места од најразлични профили. Фирмите имаат потреба од различен кадар, најбарани се работниците со стручно образование. Платите кај пониските категории каде се бара ниска квалификација се речиси идентични 10.080 денари, колку што во моментов изнесува минималната плата.
Експертите препорачуваат – младите да се запишуваат на оние струки кои се дефицитарни на пазарот. Како пример наведуваат дека само доаѓањето на било каков мајстор дома – чини 1,000 денари. Во моментов нема ниту еден програмер кој е невработено, а според статистичките податоци – се и најплатени на пазарот.
Од друга страна, Владата вети зголемување на минималната плата од септември. Законот веќе се наоѓа во Собранието, и предвидува- разликата од 10 до 12 илјади денари првите две години да ја субвенционира Владата.