Голем дел од Солун евакуиран поради неексплодирана бомба
Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2017
Властите во Солун спроведуваат голема акција на евакуирање на десетина илјади жители поради неексплодирана бомба од Втората светска војна која треба да се демонтира.
Воени експерти ќе се обидат да ја неутрализираат бомбата на местото каде е пронајдена, а оваа операција ќе трае неколку часа.
Евакуацијата ќе почне утре, во шест часот изутрина, а автобуси ќе ги одведат жителите најмалку два километри од радиусот на бомбата. Тие ќе бидат сместени во локалните училишта, стадиони и кафулиња.
Властите ќе го евакуираат и блискиот бегалски камп, каде се наоѓаат околу 450 лица.