Голем број од Србите се против изградба на „Јужен тек“?!
Објавено во: Балкан 02 Април, 2013
Голем е бројот на оние кои се противат на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ како во странство така и во Србија. Ова го изјави денеска генералниот директор на компанијата „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.
Според него проектот „Јужен тек“ не им се допаѓа на голем број меѓународни претставници, но и на многу лица од Србија, членови на одредени лоби групи, како и претставници на српската власт кои се обидуваат да ја спречат неговата реализација.
„Сега има различни шпекулации на тема гасовод, но е совршено јасно, дека тие кои тврдеа дека „Јужен тек“ нема да биде реализиран, не беа во право. Реализацијата на проектот е во согласност со поставените рокови и договорите меѓу Србијагас и Газпром“, истакна Бајатовиќ.