29 Март, 2024
0.0253

Голем хуманитарен проект за едукација на децата: „Собираме и ре-креираме со Бимилк“

Близу 2.000 деца од 60 градинки ширум Македонија ќе учествуваат во креативни и едукативни работилници за зачувување на животната средина

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Како општествено одговорна компанија, Битолската млекара започна нов голем проект под името „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ чија главна цел е поттикнување на навиките за зачувување на животната средина уште од најрана возраст.

Проектот подразбира реализација на едукативни работилници наменети за деца од 4 до 5 години, а во нив се вклучени близу 2.000 деца од повеќе од 60 градинки ширум државава. Се работи за иницијатива во која Бимилк ги поттикнува децата да собираат празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму да изработуваат разни корисни предмети што може да имаат секојдневна употреба, со цел уште од најрана возраст да ја научат важноста за рециклирање и зачувување на животната средина.

Истовремено, проектот има цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи на крајот предметите ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар на кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

„Навистина ми претставува големо задоволство што го започнуваме овој проект, особено зашто преку него истовремено допираме повеќе значајни сегменти на општеството. Со овие работилници не само што ги едуцираме децата за екологијата како важен аспект на општеството, туку истовремено ја поттикнуваме и нивната хуманост бидејќи со нивниот ангажман тие, всушност, помагаат онаму каде што е најпотребна помош. Дополнително, преку креативна дружба со препознатливото Битолско Чупе, ќе ги учиме и за важноста од стекнување здрави навики и консумирање млеко и млечни производи уште од нивното рано детство“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Придонесот кон заедницата е важен дел од корпоративната стратегија на Бимилк, помагајќи во повеќе области и искрена солидарност кон децата. Во таа насока, со цел да придонесе и во доменот на екологијата, Бимилк го најави овој проект што е наменет токму за најмалите, со цел грижата за природата да почне уште од најрана возраст.

„Оваа година едукативните работилници ги започнуваме како пилот-проект што ќе се спроведува во градинките во Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Пробиштип, Охрид, Гевгелија и Кавадарци, меѓутоа нашата искрена заложба ќе биде да продолжи и во наредните години, со цел пораките за чување на животната средина, негување на здравјето и поттикнување на хуманоста да допрат до колку што е можно поголем број деца од цела Македонија“, додаде Јанкуловска.

Инаку,проектот е поддржан од Министерството за труд и социјална политика, а се реализира во соработка со специјализираната невладина организација „Дану Филантропија ЈИЕ“.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија