Голем пожар во близина на руската престолнина
Објавено во: Свет 21 Мај, 2017
Голем пожар избувна денеска во складиште за гумени чевли во Литкарино во близина на Москва.
Руската полиција информираше дека пожарот од складиштето се проширил и на околните објекти и уништил површина од 2.400 метри квадратни.
Во гаснењето на пожарот, кое траело околу девет часа, биле вклучени околу 100 пожарникари, 28 противпожарни возила и техника, како и хеликотер од типот Ми-8, кој дури 11 пати исфрлил големп количество вода над огнот.
Пожарот е прогласен за огнена стихија од втора категорија.
Засега нема податоци за повредени или мртви.