ГОЛЕМ ШТРАЈК ВО АМЕРИКА: Да видиме како ќе функционирате без трудот на мигрантите
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2017
Ширум Америка е закажан голем штрајк предводен од мигрантите кои работат во голем број на индустрии каде американците не ни помислуваат да се помачат да најдат работа. Станува збор за профили во земјоделието, угостителството, градежништвото, комуналните услуги, па дури и градинките.
Сите бизниси кои имаат работници мигранти треба да престанат со работа во четврток со што треба да се упати предупредување до администрацијата на Трамп која има лош став кон миграцијата и приливот на работници од странство.
Зад штрајкот застанаа голем број на синдикати како и асоцијации на вработените кои се надеваат дека новиот американски претседател Доналд Трамп нема да се однесува непријателски кон нив со најавите за големи депортации на мигранти.