ГОЛЕМА ШАНСА: Германците делат работни дозволи
Објавено во: Финансии 05 Октомври, 2017
Во првите 8 месеци во Германија бројот на работни дозволи се зголемил за 70%.
Најголем број од дозволите ги добиваат Албанци и Босанци.
Како што пишува весникот Велт повеќето од нив се со ниски квалификации и работат како помагачи.
За многу луѓе од Западен Балкан ова е излез кога во својата земја не можат да најдат работа.
Од почетокот на 2016 година, граѓаните од Косово, Албанија и БиХ полесно можат да добијат виза за работа поради олеснета процедура.
Овие земји важат за безбедни, а работниците имаат привилегии на пазарот на труд.
За “Blue Card” високо образованите луѓе во Германија мора да заработат годишно над 50.000 евра.