23 Април, 2024
0.0183

Голема вест за навивачите на Барса

Објавено во: Спорт 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Официјалниот сајт на Барселона објави дека во петок Нејмар ќе потпише нов договор со клубот, кој ќе стави крај на шпекулациите околу иднината на Бразилецот. Договорот ќе биде до 30 јуни 2021 година. Двете страни ќе ги стават своите потписи под договорот точно во 15:00 часот.

Новиот договор треба да ги прекине гласините во медиумите кои ги читаме уште од минатото лето. Различни шпекулации го поврзуваа името на Бразилецот со Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Пари Сен Жармен и дури Реал Мадрид.

Нејмар се приклучи на Барселона пред почетокот на сезоната 2013/14. Оттогаш тој одигра 149 натпревари, во кои постигна 90 гола. Бразилецот ги освои сите можни клубски трофеи со „каталонците“, а во последното издание на „Златната топка“ заврши на третото место.

Во оваа сезона Нејмар има четири гола во шест шампионатни дуели.


Можеби ќе ве интересира

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата