24 Април, 2024
0.0267

Големата банкарска директорска тројка, на тет-а-тет средби со Гувернерот Богов!

Објавено во: Финансии 09 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Гувернерот Димитар Богов почна да ги спроведува тет-а-тет средбите со банкарите во земјава на кои поедничено се анализира состојбата на секоја банка како и нејзините планови за работа во периодот што следува. Според информации на “Фактор“ први на “отчет“ биле банките од големата тројка. До сега, според потврдени информации, гувернерот  Богов остварил средба со тимови од НБГ Стопанска Банка, НЛБ Тутунска Банка, Комерцијална банка како и со претставници на Прокредит Банката. Средбите се случуваат во Зградата на Народната Банка. Од страна на НБРМ, како клучен претставник е лично гувернерот додека банкарските тимови ги предводат првите луѓе на банките. “Станува збор за поединечни средби. Разговараме за тековното работење на банката, можностите за раст на кредитирањето, како и за плановите за работење во периодот што доаѓа“ – коментираат дел од банкарите што веќе остварија средби со гувернерот Богов. Неодамна и Богов потврди дека е остварена средба со прествници на групацијата НБГ. Било разговарано за плановите на оваа странска банка и нејзиното работење во земјава. “Од претставниците на групацијата НБГ добив уверување дека тие продолжуваат да работат во земјава“ – изјави гувернерот. “Фактор“ неодамна објави дека Централната Банка на Македонија, како дел од  “Планот за работа на НБРМ во 2013 та година“ ќе ги спроведе  и тет-а-тет средбите со банкарите. Според планот, ќе се реализраат поединечни средби со раководствата на сите 16 ет банки во земјава.  Банкарите пред гувернерот Димитар Богов ќе треба да одговорат на повеќе прашања што се однесуваат на развојните политики и стратегии  на банката но и за  ризиците на кои се изложени. Во планот пишува : “Организирање средби со одредени банки во зависност од нивната големина и профил на ризичност. Запознавање со планираните активности, развојни таргети и стратегии на банките, како и ризиците на кои се изложени, преку нивна презентација од страна на самите банки“. Целта на овие средби, според образложението од НБРМ е одржување на стабилноста на банкарскиот систем.  Како дел од овој план е и одлуката на Централната банка за  изработување на “Лична карта“  на банките и на штедилниците. Ова значи дека ќе се формира база од документи, дозволи, решенија, меморандуми и профили на ризик кои заедно ќе бидат дел од “личната карта“ на секоја банка. Пристапот до овие документи сепак нема да биде отворен за сите. Народната Банка ќе дефинира повеќе нивоа на доверливост,  а со тоа и ограничувања вo пристапот до документите. Засилените средби со банкарите и најавата за натамошни зајакнати супервизорски контроли се случуваат во период кога кризата во Европа се прелеа во банкрскиот сектор, а како најкритични се банкарските групации во Кипар, Грција и Словенија. Во македонскиот банкарски сектор доминира токму словенечки и грчки капитал преку НЛБ Тутунска Банка односно НБГ Стопанска Банка. Гувернерот Богов потврди дека има интерес и преговори за можно спојување и преземање на постоечки банкарски брендови во земјава, без да потенцира за кои банки станува збор. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо