24 Април, 2024
0.0264

ГОЛЕМИТЕ ДАНОЦИ ГИ КОСАТ ГРЧКИТЕ ХОТЕЛИЕРИ: Кипар и Хрватска најголеми конкуренти

Објавено во: Анализа, Балкан 04 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Зголемувањето на даночниот товар за туристичкиот сектор во Грција доведе до загуба на конкурентноста, се вели во анализа на Асоцијацијата на грчки туристички претпријатија (SETE), пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според истражувањето зголемувањето на даноци и такси, започнато од минатата година, доведе до ограничување на растот на секторот, особено со оглед на конкуренцијата, која Грција ја има во лицето на Кипар, Хрватска, Шпанија и Турција.

Инвеститорите се загрижени и од недостатокот на стабилност за даночната политика.

SETE забележува дека како целокупното задоволство на туристите од нивната посета во грчките хотели е поголема отколку во конкурентните земји, но има други проблеми кои ги плашат. Често тие се на регионално ниво и се поврзани со управувањето на пристаништата, аеродроми или отпадот.

Потсетуваме дека во почетокот на летната сезона локалните жители го блокираа пристапот до депонија на о. Крф. Барањата беа локалните власти да го модернизираат објектот, па да одговори на европските барања. Блокирањето на пристапот до депонијата сепак предизвика планини од отпад по улиците на главниот град на островот, вклучувајќи и околу спомениците, кои се најголем интерес кај туристите.

На крајот жителите на островот се согласија да го прекинат протестот, за да не биде урната туристичката сезона.

Директните приходи од туризмот во Грција во 2015 година надминуваат 13 милијарди евра. Земајќи ги предвид и другите поврзани активности, овој сектор носи 32,5 милијарди евра. Очекувањата се дека оваа сезона ќе биде рекордна со приходи од 15 милијарди евра.

Секторот очекува инвестициите до 2021 година да се зголемат и до 1 милијарда евра годишно. Во 2015 година инвестициите во туризмот биле во износ од 200 милиони евра.