Големо невреме го регионот, силен дожд и град
Објавено во: Балкан 17 Септември, 2017
Како што јави порталот Индекс.хр, поројните дождови уште од синоќа предизвикаа проблеми во повеќе реони на Хрватска, а во некои градови се регистрирани и поплави во пониските зони и по улиците.
Состојбата е најкритична на полуосторвот Истра каде е прогласено „портокалово ниво“ на опасност, додека во реонот на Кварнер сообраќајот е во прекин на неколку патни правци кои се целосно под вода.
Според метеоролозите во Црквеница наврнале 183 литри дожд на метар квадратен, поради што центарот на градот бил прекриен со вода, а поплавенми се и повеќе домови и деловни објекти.
Проблеми се регистирани и на островот Крк, каде наврнале 94 литри дожд на метар квадратен.
Како што јави Танјуг, за само десетина минути небото над Нови Сад и Белград целосно се замрачило и било прекриено со темни облаци. Во двата града дува и многу јак ветер, кој „носи се пред себе“, превртувајќи контејнери, кршејќи гранки и откорнувајќи дрва.
Српскиот РХМЗ предупреди и на можна појава на пороен дожд и грмежи во повеќе делови на Србија.