18 Април, 2024
0.0257

Google и Facebook: мегабитката за технологијата на иднината

Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Уште во април оваа година, главниот извршен директор на Facebook, Марк Зукерберг го откри својот десетгодишен план за развој на компанијата, покажувајќи во која насока ќе оди таа до 2026 година, пишува Business Insider.

Еве и слајд од презентацијата, ако сте заборавиле:

Тој го открива патот кон идеалната иднина на Facebook: Еден свет, во кој секој е поврзан со интернет, каде што можеме да зборуваме со компјутери со вештачка интелигенција, како што зборуваме со луѓе, и каде уредите за виртуелната реалност се толку вообичаени, како што се паметните телефони, и ќе ни овозможи да се поврзуваме со луѓе од целиот свет, како да се наоѓаме во иста соба со нив.

Оваа недела Facebook ги претстави своите амбиции уште понапред во иднината, откривајќи детали за тоа како нејзината социјална мрежа ќе работи во идеалната иднина со виртуелната реалност. Во демо што Зукерберг го покажа на „Social VR“, тој искористи комбинација од очилата Oculus Rift и 360-степени камера, за да ги помеша во едно виртуелната реалност и реалниот свет на начин каков што не сме виделе порано.

Во визијата на Facebook за 2026 година, социјалната мрежа игра клучна улога во повеќе, ако не во повеќето, интеракции, кои ќе ги имаме со другите луѓе. Звучи малку страшно, со оглед на тоа колку Facebook веќе продира во личниот живот, но обезбедува поглед на радикалните промени кои претстојат во технологиите, кои ги користиме.

Тоа не значи дека Facebook ќе постигне сѐ толку лесно, пишува во анализата Business Insider.

Минатата недела Google го одржа својот најголем настан за годината. И иако претставувањето беше претежно на нов хардвер, компанијата направи и најава за тоа што мисли за својата иднина - на начин кој се совпаѓа со стратегијата на Facebook.

Нивните главни бизниси не можат да се различни - напорите на Facebook да се пробие во сферата на пребарувачите не постигнаа големи резултати. Оние на Google во областа на социјалните мрежи, исто така. А сепак на некој начин Facebook и Google сепак ќе се соочат една против друга, макар и да не се очекува тоа да се случи наскоро.

Битката

Највидливиот дел од нивната борба: YouTube на Google е неприкосновен лидер во онлајн видеото. Но Facebook работи напорно во тоа да ја поткопа неговата превласт откако привлекува повеќе медиуми и огласувачи преку своите видео предлози.

Но поинтересната конкуренција ќе биде во футуристичката и широката технологија развиена од сите технолошки гиганти.

Само пред една недела извршниот директор на Google, Сундар Пичаи изјави дека компанијата користи вештачка интелигенција, за да „создаде персонален Google за секој поединечен корисник“. Facebook исто инвестира значително во ВИ, за да го персонализира својот список со вести.

Сестринска фирма на Facebook - Oculus, може да има постигнато успеси досега, разгорувајќи го интересот во виртуелната реалност, но Google не е подалеку со своите очила Daydream View, кои исто така ги претстави оваа недела. Бидејќи филмовите во виртуелната реалност се очекува да се претворат во голем бизнис, Google не сака да му овозможи на Facebook да го смени YouTube од лидерската позиција во видео рекламата.

Компанијата мајка на Google - Alphabet, како и Facebook, прават огромни инвестиции во поврзувањето на светот. Facebook користи самостојно управувачки ласерски дронови додека Google користи балони, но тие делат една мисија - да го поврзат со интернет населението кое нема пристап до него.

Премногу е рано да се каже во која од овие работи е добра секоја од нив. Но за 10 години сигурно ќе видиме кој е победник во секоја трка, како и кој ќе изгуби позиции. Во оваа врска и двете страни се обидуваат да привлечат што е можно повеќе инженери таленти.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза