28 Март, 2024
0.0265

Горан Грујевски прва „жртва“ на бомбите, завршни зборови за „Тврдина 2“

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство и одбраната на седумтемина обвинети во случајот „Тврдина 2“ денеска во Кривичниот суд ќе ги изнесат завршните зборови. Во наредните денови Судот ќе треба да донесе пресуда, што ќе биде прва од сите случаи кои досега ги отвори Специјалното јавно обвинителство и кои произлегуваат од објавените нелегално прислушувани разговори.

Првообвинет во „Тврдина 2“ е поранешниот началник во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски, како и шест службенички вработени во службата.

СЈО бара и според доказите кои ги поседува очекува осудителна пресуда за обвинетите. Сите обвинети одговараат за кривичното дело „Фалсификување на службена исправа“. Обвинението за овој предмет беше поднесено на 14 септември минатата година. Се работи за уништување на документација поврзана со неовластеното прислушување.

Уништени класифицирани документи

Според доказите на СЈО, Горан Грујевски незаконито формирал комисија за уништување на службена документација и заедно со шесте членови на комисијата уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат за системите за следење на комуникациите.

„Целта на ништењето на службената документација била да бидат уништени списите поврзани со работата на системите за следење на комуникациите, покрај уништувањето на самите системи за прислушување. Службените лица, членови на незаконски формираната комисија, извршиле селекција и попис на сите списи за ништење. Во списите имало и класифицирани документи“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи кога беше објавено обвинението.

Обвинетите наместо да ги дадат списите во правно лице овластено за ништење, без никаква процедура ги запалиле документите на локација која им била посочена од првообвинетиот Грујевски.

Судење

Горан Грујевски пред да избега, доаѓаше на првите рочишта за овој случај и тврдеше дека не е виновен. По неговото бегство, судењето продолжи, а нему му се суди во отсуство.

Сведоците во Судот обелоденија дека службените документи од УБК во црни ќеси, со две комбиња биле запалени во база на МВР близу скопското село Петровец. Наредбата за уништување ја дал екс директорот во УБК, Горан Грујевски, со образложение дека одредени документи треба да се уништат и оти за тоа била формирана посебна комисија. Сведоците тврдеа дека ги запалиле списите без да знаат каква содржина имаат.

„Имаме цврсти материјални и вербални докази. Сите докази се во прилог на теоријата на обвинението, така што уверени сме дека обвинитите ќе добијат осудителна пресуда“, рече обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, по последната главна расправа за овој предмет.

Адвокатот на Грујевски бараше судењето да се одложи на неопределено време, додека не се заврши екстрадицијата на Грујевски од Грција во Македонија. Но, судијката Лидија Петровска го отфрли барањето на Љупчо Шврговски.

Во голем дел од ова судење јавноста и новинарите беа исклучени, бидејќи во доказниот материјал на СЈО има многу класифицирани материјали.

Пресудата за овој случај Грујевски ќе ја дочека во Грција, каде заедно со неговиот поранешен колега од УБК, Никола Бошкоски, беа уапсени на аеродромот во Солун со лажни пасоши. Во овој случај Никола Бошкоски требаше да биде сведок.

Ј.М.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија