20 Април, 2024
0.0259

Горан Трајковски, УЈП: нема нови долгови, повратот на ДДВ тече редовно!

Објавено во: Финансии 18 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во интервју за емисијата Тренд на 24 Вести директорот на УЈП Горан Трајковски вели дека економските параметри покажуваат опоравување и дека даноците се собираат со забрзана динамика. Според Трајковски кај данокот на добивка и персоналниот данок на доход  е констатирана стабилност и  перманентно натфрлање од 2-3 до три отсто на месечно ниво од проекциите. Но, тоа не е случај со данокот на додадена вредност. Ако се гледа бруто приходот на ДДВ, тој е во многу подобра кондиција во однос на истиот период лани. На прашање дали државата на време врши поврат на ДДВ, директорот на УЈП вели:
„Повратот тече редовно согласно законските рокови, што значи во рок од 30 дена на поднесување по принцип на доспеаност и доколку продолжи ваквата солидна наплата  повторно ќе можеме да ги примениме мерките на златна картица“.
Целосното интервју на Трајковски во кое зборува за воведувањето на „патриотски фискални сметки“ и за даночната амнестија ќе се емитува во недела во 18 часот во рамките на економската емисија „ТРЕНД“. http://www.dailymotion.com/video/xzyyi4_izjava-goran-trajkovski-del-od-trend_news?start=3#.UZdO37Xe6iw

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин