20 Април, 2024
0.0287

Горат контејнери низ Скопје потпалувани и во најзагадените денови

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Продолжува потпалувањето на градските контејнери и во денови кога загадувањето на воздухот е на највисоки ниво. Во изминатите години според статистиките се подметнати стотина пожари од кои барем половина е утврдено дека се намерно предизвикани. Најпроблематични се пластичните контејнери на Комунална хигиена Скопје кои целосно горат што се нанесува двојна штета, ем воздуот се загадува, ем граѓаните потоа немаат каде да го фрлат сметот. 

Во последното тромесечие од 2017 година од страна на противпожарната единица на Град Скопје извршени се 48 интервенции, од кои како намерно палење запишани се 42 интервенции на контејнери. Во 2018, од вкупно 17 интервенции дури 11 се евидентирани како намерно палење. Притоа, изминативе 4 месеци предизвикана е штета од околу 700 000 денари, односно повеќе од 11илјади вреден имот на граѓаните.

„Изминатиов период забележано е зголемување на бројката на запалени, а воедно и бројката на намерно запалени контејнери, особено во вечерните часови. Има случаи во коишто цел ред контејнери е запален наеднаш. Граѓаните пријавуваат вакви случаи во кол-центарот на телефонскиот број 193, по што Противпожарната единица веднаш реагира, меѓутоа, се предизвикуваат големи штети. Најчести вакви случаи има во централното градско подрачје, каде што е најмала концентрацијата на семејства кои се затоплуваат на дрва, што ја исклучува можноста пожарот да е предизвикан од остатоци од жар“ посочуваа од Бригата за противпожарна заштита на град Скопје.

Од Град Скопје истакнуваат дека постојат индиции кои упатуваат на тоа дека несовесни граѓани постојано ги палат контејнерите, а материјалната штета која ја предизвикуваат најчесто е на товар на градот, бидејќи сторителите не се познати.

Надлежните од Градот апелираат до граѓаните да ги пријавуваат сторителите бидејќи контејнерите за смет се опрема која на сите им е потребна, а несовесното однесување треба да биде казнето.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите